Битолчанецот и спортски амбасадор на Македонија во Оман после две години се врати во ММА борбите – Победи и го развиори сонцето од Кутлеш (ВИДЕО)

После две години пауза, битолчанецот Ристо Димитров Чурино, победнички се врати во рингот на ММА борбите.

Тој синоќа во Нашице во Хрватска, се бореше со Михајло Рајиќ од Србија и успеа да триумфира со прекин во првата рунда.

Димитров работи и живее во Оман. Тој е неколкукратен национален и интернационален шампион во Бразилско Џиу Џицу, Граплинг, Самбо, ММА и што уште не. Неговата спортска кариера е исполнета со толку многу успеси и признанија што тешко дека можат да се набројат сите. Од пред две години се наоѓа во султанската држава Оман, каде работи како ММА тренер во UFC GYM Omаn. Неговите ученици се првите кои донесле интернационални медали за Оман, а работата на Ристо е гордост на оваа држава. Неговите и успесите на учениците се вреднувани и поддржани од државата. За разлика од тоа во Македонија не добил ниту една благодарница, ниту пак некаква финансиска поддршка. Со него разговаравме за сите досегашни достигнувања и идни планови во спортската кариера.

“Очекував тешка борба, но ја среќа ја добив во прват рунда со прекин, по акција која е наречена “полуга на рака“ – “армбар“, или на напонски “Juli Gatame“. Противникот не беше ни малку наивен, но ете со една одлично подтотвена и изведена акција, ја добив борбата и со победа се враќам на рингот”, изјави Димитров за порталот “Bitolanews.mk”

Неодамна Димитров даде интервју за Маркукуле.мк, каде објасни се околу неговата спортска кариера и досегашни успеси.

Битолчанец е вистински македонски амбасадор на Блискиот Исток, а од Македонија не добил ниту благодарница: Спортска сторија која вреди да се прочита




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.