Со транспаренти поврзани со случајот „Рекет“, промената на името, како и загадениот воздух група битолчани попладнево пред општинската зграда излегоа на протест.
Како што велат тие, револтирани од актуелната власт, бидејќи многу им ветила а ништо не исполнила.
Инаку вечерва во Битола се одржува редовна владина седница со која раководите претседателот на Владата, Зоран Заев.
Ова е прва седница која се одржува надвор од просториите на Владата во Скопје. На неа покрај премиерот, присутни се и сите министри.