Битолските пожарникари деновиве се соочувале со вистински пекол: Во 48 часа спасиле и заштитиле 11 населени места и 11 цркви и манастири (ФОТО)

На 22.09.2023 и 23.09.2023, ТППЕ со сите свои расположливи средства и човечки ресурси (10 возила и 40 пожарникари), од кои некои пожарникари беа и без престан на терен (повеќе од 24 до 32 часа), успеа да се справи со неколку пожари на отворен простор од поголеми размери, при тоа заштитувајки и спасувајки 11 населени места и повеќе од 6 манастири и 5 цркви без направена материјална штета – стои во соопштението од Територијалната противпожарна единица Битола.

Соопштението подетално го пренесуваме во продолжение:

22.09. 2023
Вашарејца-Лознани-Ивањевци

Заштитено целосно село Лознани, спречено проширување кон соседни села, заштитен манастирот пред селото Лознани, како и манастирот помеѓу Лознани и Новоселани, спречено проширување кон населено место Ивањевци. На овој пожар екипите беа навредувани и попречувани во извршување на своите задачи

Дедебалци-Црничани- Арматуш

На овај пожар изразуваме благодарност на укажаната поддршка и помош на жителите на С. Арматуш

23.09.2023
Лознани-Новоселани-Ивањевци

Голема битка пожарникарите водеа со пламените јазици кои од сите страни се закануваа на населеното место Новоселани

Дедебалци-Црничани-Путурус-Мојно-Мусинци

Овде можеме да ја издвоиме борбата со пламените јазици во населено место Путурус, каде од сите четири страни огнот навлезе во селото и ветрот кој од минута во минута имаше променлив правец се закануваше кон секоја ќука. ТППЕ Битола со 5 екипи беше во селото и секој обид на пламените јазици да зафатат објект беше спречен. Голема благодарност во оваа интервенција до мештаните на Путурус, Мусинци, Мојно кои помагаа во линијата за спречување огнот да стигни до селата Мојно и Мусинци.

Орле-Маково-Рапеш

На крај исто така изразуваме благодарност до ЈКП Водовод кое со својата цистерна вршеше дотур на вода на возилата на ТППЕ Битола каде и да имаше потреба




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.