Битолска иновација: Политичар на ДУГМЕ?

(Фејсбук објава на страната За Македонија – za Makedonija)

Чудна работа се случува со една политичка партија, жесток борец за правда, поддржувач на СЈО, шарената револуција, двојазичноста и промената на Уставот. Лидерот што се шеташе низ Собрание со блуза и линот од Катица Јанева, што вени сечеше за двојазична да биде Битола, сега ужива во удобната фотеља. Не му треба ни правда, ни мир, ни име на држава, па ни јазик.

Не му треба ни мајчин Mакедонски јазик, ни историја, само му треба да е министер.

Битола е во шок, се чуди дали овoј човек онемел? Дали се плаши да кажи дека не се согласува со ставот на бугарскиот пожарникар?

Изборите ќе завршат, а тој ќе се врати во Битола меѓу колегите по Mакедонски јазик… Ќе треба поради долгото гувеење заради функцијата, пак да почни да учи од почеток јазик, за кој се плашел да кажи дека е Македонски?

Сигурно погаѓате кој е човекот од текстот погоре. Ги исполнил во кариерата сите услови за да биде таков, “онемен” каков што е? Изгледа да. Гласал за промена на име, за договор со Бугарија, убеден е дека жртвите во Дабница прилепско не ги убиле фашистите, ни па оние во Ваташа, гласал за двојазичност…и еве за да молчи добива надоместок од 70.000 денари месечно?

Горан Милески почитувани жители на конзулскиот град …. Го паметите ли? Еве едно видео кога имаше глас.

За мариxyаната му беше пуштен гласот на најјако, ама за уништувањето на Македонија НИ ЗБОР?

Со оглед на огромниот број на злoyпотреби на средства од фондот за иновации, треба да се провери дали на ваквата иновација и следуваат средства или само фотелји?




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.