Соодветните услови во спортската сала „Боро Чурлевски“, каде е обезбедено греење и можности за одржување на натпревари од репрезентативен карактер, повторно после седум години ќе овозможат Битола да биде домаќин на македонската репрезентација во ракомет.
Во октомври 2018 година, машката селекција играше и победи против Турција во квалификациите за ЕП 2020, а овојпат, Битола ќе ја пречека македонската женска репрезентација на 12 април на реванш средбата од баражот за Светското првенство во Холандија и Германија, меѓу женските репрезентации на Македонија и Полска.
Спортската сала „Боро Чурлевски“ е една од ретките во државата, надвор од Скопје, кои ги исполнуваат условите за репрезентативни дуели, што е резултат и на континуираната заложба на локалната самоуправа за создавање услови за поддршка на спортот и поттикнување на спортските резултати во градот.