Полицијата во Битола поднесе кривична пријава против 17-годишно момче од Битола кое во периодот од август до октомври 2016 година, преку неговиот Snapchat профил, како и со вклучување на видео-разговор преку Facebook профил, пред тринаесетгодишно девојче од Битола во повеќе наврати се самозадоволувал.
Од полицијата информираат дека месецов тинејџерот без согласност на девојчето, ги искористил нејзиното име и презиме како и четири нејзини фотографии и направил профил на Инстаграм и на истиот објавил четири фотографии со експлицитна содржина од детето. Потоа, при вклучен разговор на апликацијатаFacebookMessenger направил неколку фотографии со порнографска содржина од детето и истите ги направил јавно достапни објавувајќи ги на претходно направениот Instagram профил. Во периодот одавгуст до октомври 2016 година, во повеќе наврати испраќал слики и аудиовизуелни пораки со порнографска содржина натринаесетгодишното девојче преку апликациитеFacebookMessengerи Snapchat.
Како тоа да не било доволно, тој му се заканувал на детето дека доколку не се вклучи на видео-разговор и не прави се што ќе посака, ќе објави негови слики со експлицитна содржина.