Репрезентацијата на Македонија во овој момент игра против Турција, во првиот дуел од квалификациите за Европското првенство во 2020 година.
Битола денеска живее за ракомет, со оглед на фактот дека Македонија по 15 години е домаќин на еден репрезентативен натпревар токму во салата „Младост“, што сега го носи името „Боро Чурлевски“.
Навивачите на два часа пред почетокот на натпреварот го окупираа „Широк сокак“ и направија голема еуфорија.
Нашите момци досега ја оправдуваат фаворитската улога, па на полувремето водат со резултат 17:13.