На 22.10.2023 во Битола, полициски службеници од Криминалистичката полиција и Полициската станица од општа надлежност при СВР Битола ги лишиле од слобода Е.А.(31) и Ѓ.В.(30) од Битола.
Тие се сомничат дека извршиле „тешка кражба“ во земјоделски комбинат во Битола, при што одзеле повеќе предмети, а извршиле и оштетување на дел од објектот.
Двајцата биле приведени во полициска станица и во службен разговор го признале делото.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против истите ќе биде поднесена кривична пријава.