Физички пресметки во Битола
-На 23.06.2023 во 15.35 часот во Полициска станица Битола, Ѓ.М.(73) од Битола пријавил дека во 14.50 часот во близина на бензинска пумпа во Битола бил физички нападнат од В.Џ.(71) од Битола. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-На 23.06.2023 во 16.40 часот во Полициска станица Битола, Б.Б.Ј.(27) од Битола пријавила дека во 14.30 часот во Битола била физички нападната од 62-годишната битолчанка Р.Ј..
-На 23.06.2023 во 14.45 часот во Полициска станица Битола било пријавено дека во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.К.(74), К.К.(65) и П.К.(71), од една страна, и Н.Б.(44) од друга страна, сите од Битола.
-На 23.06.2023 во 13.00 часот во Полициска станица Битола било пријавено дека во Битола бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.С.(40) и А.С.(31), двајцата од Битола.
Се преземаат мерки за расчистување на сите случаи – информираат од СВР Битола.