“БИТКАТА ЗАПОЧНУВА НА 23 јуни пред Собрание” – Движењето “Млади за Македонија” повика на протест за одбрана на името

Движењето “Млади за Македонија”, повика на протест на 23 јуни пред македонското Собрание за одбрана на името на државата.

“Ние студентите НЕМА да дозволиме промена на нашето име и идентитет и по секоја цена ќе го одбраниме нашето име Македонија и ќе останеме Македонци! Ни НЕ сме “граѓани на Северна Македонија”, ниту пак нашата татковина се вика северна провинција. Оваа битка за нас студентите е света битка како битката на последниот Мохиканец – ова е битка за опстанокот на нашиот Македонски народ! Или ќе победиме и ќе опстанеме, или ќе изумреме ние, со нашите неродени, внуви и правнуци.

Имаме сопствена држава еднаш на 1000 години и нема да дозволиме сега кога имаме сопствена држава сами да извршиме самоубиство и да прифатиме некаква промена на името. Немаме друга опција – или крај за нашиот Македонски народ или ќе останеме да постоиме како Македонци. Ве повикуваме сите вас да ни се придружите на нас студентите и да дадете се од себе во битката за одбрана на нашето име Македонија. Ова е битка на се или ништо! Ова е битка во која Мајка Македонија гледа и плаче и бара помош. Да знаеме Македонија е се што имаме! Над Македонија лебди еден душ – духот на Македон! Македонци од сите политички партии – од ВМРО, од СДСМ, од Левица, од сите политички партии обединете се под знамето на Македонија!!! Македонија е нашата татковина и нашето име е Македонија!!!”, стои во прогласот на движењето “Млади за Македонија”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.