Милијардерот и основач на Мајкрософт, Бил Гејтс, говори за најголемата грешка поради која сеуште се кае.
Гејтс на една конференција откри која е најголемата грешка која некогаш ја направил. Тој тврди дека е тоа кога на “Google” му дозволил да ја започнат “Android”, стандардна платформа која не припаѓа на “Apple”.
-Во светот на софтверот, особено кога се работи за платформите, тоа е пазар во кој победникот зема се, вели Гејтс.
– Знаете, најголемата грешка која сме ја направиле е лошото раководење кое доведе до тоа Мајкрософт да не биде она што е “Android”. Беше природно Мајкрософт да победи во тоа, смета тој.
– Постои простор само за еден оперативен систем кој не е на “Apple” и колку вреди тоа? 400 милијарди кои би завршииле кај компанијата М, наместо кај компанијата Г.
“Google” ја откупи “Android Inc.” за околу 50 милиони долари и направи нов мобилен систем кој овозможи пристап на интернет на голем број луѓе.
Гејтс вели дозволувањето на “Google” да ја искористи таа можност со “Android” е една од најголемите грешки на сите времиња.