Била поим за убавина и сите ја обожавале: Инструкторката од познатиот филм денеска е бледа сенка на некогашната убавица (ФОТО)

Инструкторката Шарлот “Чарли” Блеквуд била сон за секој маж кој го обожавал познатиот холивудски филм “Тоp Gun” во далечната 1986 година.

Toкму овој филм го прослави и Том Круз во улогата на поручникот Пит “Маверик” Мичел.

Глумицата Кели Мекгилс денеска има 60 години и тешко би препознале дека се работи за главната глумица од прочуениот филмски хит.

Кели денеска има кратка седа коса, целосно е повлечена од јавноста и по ништо не дава впечаток дека некогаш снимила холивудски блокбастери.

А дека во целост се откажала од Холивуд, зборува и тоа што нема да се појави во продолжението на легендарниот филм, кој токму сега, цели 32 години подоцна, се снима.

Пред две години Кели доживеала напад во својата куќа во Северна Каролина, поради што добила дозвола за носење пиштол.

Во една прилика открила дека, уште во осумдесеттите доживеала силовање. Поради тоа целиот живот се бори со нападите од паника.

Поранешната глумица има две ќерки и два пати била во брак со маж, додека во 2009 година открила дека е лезбејка.

Денеска мирно живее во својата приватност, а на Фејсбук понекогаш ја критикува состојбата во државата во која живее.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.