Владата конечно излезе со првичниот сет на мерки за помош на бизнисот. Тие вклучуваат 50% субвенционирање на придонеси во период од три месеци почнувајќи од април во секторите туризам, транспорт, угостителство, како и бескаматни кредити до 30 илјади евра преку Развојната банка со грејс период од 6 месеци. Ќе има ослободување од аконтации за данок на добивка, 50% намалување на затезната камата, како и на казнената камата за јавните давачки, забрана за извоз на брашно, посебен фонд за помош на туризмот, ЗАМП да ги стави побарувањата од угостителите во мирување 6 месеци. НБРМ, пак, ја намали задолжителната резерва за сите новоодобрени кредити, пренесува Алфа ТВ.
Целата статија прочитајте ја ТУКА.
Извор: АЛФА ТВ (Тања Попова)