Биди дел од АРМ: Oбјавен ОГЛАС за вработување на подофицери

Mинистерството за одбрана распишува Ј А В Е Н О Г Л А С за прием на 7 (седум) подофицери на служба во Армијата на Република Северна Македонија.

1. Се распишува јавен оглас за прием на 7 (седум) подофицери од воздухопловно техничка служба во чин водник на служба во Армијата на Република Северна Македонија (во натамошниот текст: Армијата), на неопределено време за потребите на Воздухопловниот ВИНГ во Командата за операции, касарна „Страшо Пинџур“, Петровец, гарнизон Петровец.

2. На јавниот оглас може да се пријават кандидати кои ги исполнуваат условите утврдени во огласот и тоа:

Општи услови:

-да се државјани на Република Северна Македонија,
-да се полнолетни,
-да имаат посебна здравствена и физичка способност,
-со правосилна судска пресуда да не им е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност
да не се осудувани за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку шест месеци, односно за кривично дело во врска со службената должност, или за друго кривично дело што го прави недостоен за претставување на Републиката;

Посебни услови:

-да имаат завршено средно образование (машинска или електротехничка струка),
-да имаат завршено доброволно служење на воениот рок, и
-да не се постари од 25 години.

Kандидати кои ќе бидат избрани, а немаат завршено доброволно служење на воен рок, ќе бидат упатени на основна војничка обука во траење од 3 (три) месеци, по што ќе се упатат на стручно оспособување и усовршување за подофицери.

Работни денови:

– од понеделник до петок;
– работни часови неделно: 40

Работно време:

– времетраење на работниот ден е осум часа со почеток на работно време во 08.00 часот и завршеток во 16:00 часот.

Паричен нето износ на плата:

– Платата изнесува над 30.700 денари, со дополнителни над 13.000,00 денари трошоци за станбено обезбедување и други надоместоци уредени со Законот за служба во Армијата на Република Северна Македонија и Колективниот договор во Министерството за одбрана.

3. Рокот за пријавување на огласот е 15 дена од денот на неговото објавување.

4. Заинтересираните кандидати доставуваат пријави до Министерството за одбрана, непосредно во деловодството на министерството или по пошта со препорачана пратка.

5. Кон пријавата кандидатите приложуваат:

-уверение за државјанство,
-доказ за завршено образование,
-извод од матична книга на родени,
-уверение со кое се докажува општата здравствената способност, издадено од Институт за медицина на труд,
-уверение за неизречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност,
-уверение за неосудуваност за кривични дела за кои е предвидена казна затвор од најмалку шест месеци, односно за кривично дело во врска со службената должност, или за друго кривично дело што го прави недостоен за претставување на Републиката
мотивациско писмо.

6. Документите задолжително да бидат доставени во оригинал или заверена фотокопија.

7. При вработувањето ќе се води сметка за соодветна и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници со почитување на критериумите на стручност и компетентност.

8. Министерството за одбрана ги повикува и охрабрува девојките и жените кои ги исполнуваат условите да се пријават на јавниот оглас за прием на подофицери во Армијата.

9. Некомплетните и ненавремените пријави нема да бидат разгледувани.

10. Постапката за избор на кандидати ја спроведува Комисија формирана од министерот за одбрана, согласно важечката законска и подзаконска регулатива.

11. Кандидатите кои ќе бидат најдобро рангирани согласно условите во огласот, а за кои врши избор министерот за одбрана ќе бидат упатени на стручно оспособување и усовршување за подофицери во Командата за обука и доктрини при Генералштабот на Армијата, каде ќе се реализира и основната војничка обука за кандидатите кои немаат доброволно служено воен рок.

12. Со кандидатите од точка 11 за времетраењето на стручното оспособување и усовршување за подофицери ќе се склучи договор за работа на определено време, а во кој период влегува и основната војничка обука за кандидатите кои немаат доброволно служено воен рок.

13. Со кандидатите кои со успех ќе го завршат стручното оспособување и усовршување за подофицери, министерот за одбрана или од него овластено лице склучува договор за работа.

14. На кандидатите кои нема да бидат избрани по јавниот оглас и нема да засноваат работен однос во Министерството за одбрана како подофицери на служба во Армијата на Република Северна Македонија, поднесените документи ќе им бидат вратени со писмено известување.

15. Јавниот оглас се објавува во најмалку два дневни весника од кои најмалку во по еден од весниците што се издаваат на македонски јазик и по еден во весниците што се издаваат на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.