Бидете внимателни и почитувајте ги законите: Во еден ден на подрачјето на СВР Битола контролирани 404 возила, од кои санкционирани биле 70

Полициски службеници во Секторот за внатрешни работи Битола на 26 февруари извршиле контрола за брзина, зимска опрема, управување без возачка дозвола, нерегистрирани возила, непочитување првенство, исправност на возилата, товарни возила, сигурносен појас, светло и алкохол, во сите полициски станици при што биле контролирани 404 возачи и возила.

При контролата, констатирано е дека 25 возачи го управувале возилото со поголема максимална брзина од дозволената, шест возачи управувале без возачка дозвола.

Нерегистрирани биле две возила, на мобилен разговарале двајца возачи и еден возач не користел сигурносен појас. Осум возачи се писмено опоменати, а на 46 возачи изготвени им се мандатни платни налози и ќе се соочат со соодветни глоби, а исто така изготвени се и 15 прекршочни налози.

Исто така, при контролата откриени се и други девет видови прекршоци.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.