Во населеното место Беровци, денеска беа поставени камен темелите за изградба на црквата Св.Никола. Со чинот на осветувањето чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско – Пелагониски г.Петар, кој го истакна значењето на изградбата на цркви и христијански храмови во регионот, за подржување на правславната вера и зачувување на православието.
На осветувањто на темелите на црквата Св.Никола во населено место Беровци присустуваше и градоначалникот Марјан Ристески, кој им посака на беровчани брза изградба на ова црква, која, како што рече тој , „Ќе претставува место, каде жителите од ова населено место, во идинина, ќе ги обавуваат своите христијански обреди“. Тој нагласи дека локалната самоуправа секогаш помага во изградба на храмови и дава максимална поддршка на сите оние кои ја имаат иницијативата.
Иницијаторите за изградба на црквата Св.Никола во н.м Беровци посочија дека црквата ќе ја градат со помош на донации од верниците и дека таа ќе преставува нивна заложба за зачувување на православната вера и враќање на младите на татковите огништа.