Регулаторната комисија за енергетика рекордно ги намали цените на горивата.
Од ноќеска, бензините Еуросупер 95 и Еуросупер 98 поевтинуваат за 7,5 денари, а дизелот за 6,0 денари, па така Еуросупер 95 ќе се продава за 54,5 денари, Еуросупер 98 за 56,5 денари и дизелот за 48,5 денари
Новите цени стапуваат на сила вечерва на полноќ.
Драматичниот пад се должи на падот на цената на нафтата на светско ниво.
Од Регулаторна соопштија дека поради корона вирусот, додека траат мерките, нема да има исклучување на вода, струја и парно.