Бектеши се закани: Одредени компании вештачки ги зголeмија цените, доколку не ги вратат во нормала тогаш…

Одредени трговци драстично ги зголемија цените на основните прехранбени производи кои претходно со одлука на Владата имаа замрзнати маржи и намалено ДДВ. Овие трговци имаат монопол на пазарот за одредени производи и по завршување на мерките цените се зголемија за 50 до 70 проценти, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во емисијата 24 Анализа.

„Не помина ниту една недела каде одредени производи се зголемија, но тоа е само во делот на тестенините и на некои други производи. Кај маслото за јадење и други производи вратен е само процентот од делот на ДДВ. Ќе донесеме заклучок за сите инспекторати да излезат на терен и да проверат дали цените вештачки се зголемени. Има одредени компаниии кои вештачки ги зголемиле цените над 50% па дури и до 70% со цел да ја искористат ситуацијата на грбот да граѓаните. Не сакаат да се откажат од ниту еден процент во делот на профитот“ кажа министерот Бектеши.

Министерот кажа дека заедно со надлежните институции, Царинската управа, Државниот пазарен инспекторат и Управата за јавни приходи се анализираат податоците со цените.
“Доколку овие трговци сами не ги вратат цените со нормални маржи тогаш повторно ќе донесеме непопуларни мерки, се со цел да го заштитите стандардот на граѓаните“ кажа министерот и потенцираше дека до крајот на неделата во координација со Коморите, трговците и производителите ќе се донесе одлука дали и какви мерки ќе бидат донесени.

Во координација со сите Стопански комори беше донесена одлука мерката за замрзнување на цените на производите да не се продолжи после 1 јуни, за да се остави пазарот сам да ги одреди цените.Но, доколку утврдиме дека има злоупотреби и манипулации тогаш ќе реагираме веднаш“ кажа Бектеши и потенцираше дека Ребалансот на буџетот е веќе во собраниска процедура, штом ќе биде донесен ќе креираме нови мерки согласно потребите и на граѓаните за да се зибегнат големи ценовни шокови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.