Екипата на Соколи 1933 од Штип забележа голема победа на гостувањето кај Мега Баскет во Прилеп, и се искачи на првото место од ТОП 8 сегментот во Првата кошаркарска лига.
Крајниот резултат во салата во “Добре Јованоски” беше 88 – 106, неочекуван за домашната публика, но се чини реален според моменталните можности на клубот од Прилеп.
Екипата тренира и игра во училишна сала, доби само 4.000 евра поддршка од министерството, изостанува поголема поддршка од бизнис секторот и од локалните власти….
Сепак дечките се за секоја пофалба, и во едни такви услови играат плеј-оф за пласман во Супер лига, се борат и се трудат на секој натпревар да донесат радост.
Да се надеваме дека следната сезона многу работи ќе се подобрат, и Прилеп конечно после долги години ќе гледа елитна кошарка на домашен терен.
























