Со убедлив триумф од 6:0 остварен на свој терен против Спортинг Хихон, екипата на Барселона се врати на чело на табелата во шпанската Примера, оставајќи ги зад себе мадридските конкуренти Атлетико и Реал.
Четири погодока постигна Луис Суарез, а по еден Лионел Меси и Нејмар.
На вториот синоќешен дуел од 35.коло немаше победник.
Постигнати резултати на петте завршени натпревари:
Лас Палмас – Еспањол 4:0,
Рајо Ваљекано – Реал Мадрид 2:3,
Атлетико Мадрид – Малага 1:0,
Барселона – Хихон 6:0 и
Еибар – Депортиво Ла Коруња 1:1.
Двојките за денес се:
Леванте – Атлетик Билбао,
Севиља – Бетис,
Хетафе – Валенсија и
Виљареал – Реал Сосиедад.
Колото ќе биде комплетирано утре со дуелот меѓу Селта и Гранада.
Табела: Барселона 82 бода, Атлетико Мадрид 82 бода, Реал Мадрид 81, Виљареал 60, Атлетик Билбао 54, Селта 54, Севиља 49,…