Ако немате ниту една подобра опција, тогаш можеби можете да размислите за оваа работа.
Компанијата “Third home” која се занимва со рентање на луксузни викендици се огласи на својот Фејсбук профил дека им треба некој да ја извршува „најдобрата работа на планетава“.
Тие се подготвени на вас да ви плаќаат по 10 илјади долари месечно, а на вас останува само да патуватње по светот и да престојувате во луксузни куќи.
Станува збор за тримесечна работа, а од вас се очекува за тоа време да престојувате на 12 милионерски имоти.
Можете да земете и сопатник со вас, но компанијата нема да ги плати неговите или нејзините трошоци, туку само вашите.
Пријавите траат до 30 март, а компанијата бара луѓе кои се слободни да патуваат во периодот од крајот на летото до крајот на есента, под услов да имаат пасош, да не се плашат од авион и да имаат искуство на социјалните мрежи.