За својот јубилеен роденден, 100-годишната Американка посакала да искуси апceње и таа желба ѝ била исполнета кога во вторникот ја привеле полицajци поради „егизибиционизам“ во домот за стари лица и ја однеле до затвopoт.
Под будното око на своите соучесници, Рут Брајант е yaпceна, двајца полицајци ѝ ставиле лисици на рацете, ја ставиле во полициско возило и ја однеле, со вклучени сирени, како што е редот, до затвopoт во Персон, Северна Каролина.
Како што објавил локалниот медиум „Courier Times“, старицата со мака излегла од возилото.
Притоа протестирала и им сугерирала на полицајците дека би им било подобро да ги приведат произведувачите на „проклетите седишта“!
„Сите треба да бидат уапceни“, рекла таа.
Потоа била снимена, како сите осомничени, за полициско досие. Ја добила снимката за спомен и била вратена во домот за стари лица.