Баба се заканувала на сите во училиштето каде учи внукот

 policiskamarica1

Баба од Берово се заканувала на цело училиште зошто внукот и го преместиле во друго одделение. 51-годишната Б.Д. на 24 јануари, преку телефонски пораки се заканувала на претпоставени во училиштето каде што учи нејзиниот внук.

Полицијата информира дека таа била изреволтирана поради тоа што од страна на одделенскиот и наставничкиот совет во училиштето била донесена одлука нејзиниот внук да биде преместен од едно во друго одделение.

 




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.