После победата на Македонија над Данска се јави и директорот на Агенцијата за млади и спорт и поранешен репрезентативец, Наумче Мојсоски.
– Вечерва маестрално ја победивме ракометарската репрезентација на Данска, со што македонските ракометари заблескаа во полн сјај со неверојатна игра! Честитки за селекторот Кире Лазаров и за сите ракометари, напиша Мојсоски на Фејсбук, без притоа да каже кој тоа ја победи Данска.