Цените на производите постојано растат, а револтот кај граѓаните се зголемува. Граѓаните секојдневно пишуваат на социјалните мрежи и се сомневаат дека некој на дебело профитира со цените кај нас, а притоа државата воопшто не води грижа.
Во Белгија 0.4 кг кашкавал се продава за 2 евра, млеко за 0,85 евра, а вреќа пелети за 3,99.
И не само во Белгија, туку и во Германија и во останатите земји од ЕУ цените на продуктите не можат да се споредат со оние во Македонија.
Инфлацијата во Германија изнесува 10 отсто, додека цените во маркетите се пониски од нашите. Млекото во моментов чини околу едно евро и 10 центи, односно 66 денари.
Цената на путерот во Германија изнесува 2,29 евра, односно 142 денари, додека едно „киндер јајце“ чини 85 центи, т.е. 53 денари.