Порака која ја добивме во нашето сандаче и ни ја трогна душата….малиот Никодим Мидоски од Прилеп има потреба од сите нас. На детенцето му е дијагностициран тумор на музочето и потребна е итна операција за да се спаси неговиот живот!!! Прочитајте ја сторијата во продолжение и донирајте на линкот на крајот од текстот.
Се викам Сандра мајка на Никодим кој има 3,5 години. Јас и мојот сопруг немавме 8 години деца и имавме голема голгота во животот. И конечно пред 3,5 години бевме најсреќните родители на светот затоа што на свет ни дојде НАШИОТ ДАР ОД БОГА ова прекрасно момче најубаво на цел свет кој се вика Никодим. За нас немаше поголема среќа од тоа затоа што конечно после 8 години станавме родители, ни се исполни најголемата желба на светот го имаме Никодим.
Кога мислевме дека среќата е целосно на наша страна уживавме во сите моменти со Никодим, Никодим почна да се жали на ретки главоболки и повремено повраќање. Ние како родители мислевме дека е мало дете од 3 и пол години и му се присторува, но приметивме дека кога стои почнуваат да му се тресат рацете и нозете. Едноставно видовме промена кај нашето дете за неколку дена. ВЕДНАШ се обративме кај невролог кој по кажаните симптоми веднаш не испрати на Магнетна резонанса која ја направивме и од резултатот кој го добивме сме тотално во ШОК.
Докторот ни кажа дека нашиот Никодин има ИНФИЛТРАТИВНА ТУМУРСКА МАСА СО ДИМЕНЗИИ ОКОЛУ 52x46x43 и има изразен хифроцефалус.
Ние како родители сме во ШОК што му се случува на нашиот Никодим и се уште неможеме да веруваме дека нашето мало детенце кое има само 3,5 години има ТУМУР НА ГЛАВАТА И ХИДРОЦЕФАЛУС ЗА КОЈ ВЕДНАШ ПОД ИТНО Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ОПЕРИРА. НАШЕТО ДЕТЕ МОРА ПОД ИТНО ДА ЗАМИНЕ ВО Р.ТУРЦИЈА НА ОПЕРАЦИЈА НА ГЛАВАТА.
Ние како родители не сме моќни финансиски да ги платиме тие операции за нашето дете кое мораме да си го спасиме НАШИОТ ДАР ОД БОГА НАШИОТ НИКОДИМ. Затоа ве замолуваме сите вас познати и непознати да ни помогнете да си го спасиме нашето мало дете, НАШИОТ 3,5 годишен НИКОДИМ. ВЕ МОЛИМЕ КОЈ КОЛКУ МОЖЕТЕ ДА ДОНИРАТЕ, ДА СПОДЕЛИТЕ МНОГУ ЌЕ НИ ПОМОГНЕТЕ Секој кој би бил на наше место би молел за помош, ПОМОГНЕТЕ НИ, НЕ НЕ ОСТАВАЈТЕ САМИ ВО ОВАА БИТКА КОЈА ЗА НАС Е ПРЕТЕШКА ДОНИРАЈТЕ, СПОДЕЛЕТЕ СЕ РАБОТИ ЗА ЖИВОТОТ НА НАШИОТ НИКОДИМ
Или контактирајте ги родителите на Никодим: AЛЕКСАНДАР МИДОСКИ и САНДРА МИДОСКА