Ајде Прилеп, ајде Македонијо! Гласајте ТУКА за прилепчанката Билјана Зероска да продолжи во шоуто “Никогаш не е доцна” (ВИДЕО)

Билјана Зероска e наша прилепчанка која во изминатите години живее и работи во Лондон. Изминатиот викенд Билјана настапи во третиот круг од популарното талент шоу “Никогаш не е доцна”, каде одново покажа дека е личност родена за забава, музика, филм и естрада.

Но, сето тоа останало само хоби во нејзиниот живот, со оглед на една друга традиција во семејството Зероски, а тоа е медицината.

Завршила Фармацевски факултет во Скопје и денеска води ланец на аптеки во Велика Британија. Пеењето иако споредна опсесија во нејзиниот живот, секогаш било присутно. Како дете настапувала на различни фестивали, а има завршено и музичко училиште за клавир.

На шоуто Билјана досега го фасцинираше жирито, а во третиот круг се пласираше преку два баражи, каде гласовите на прилепчани и на сите Македонци беа пресудни таа да продолжи да се натпреварува.

Во последната емисија настапи со песната на Лепа Брена “Окречеш ми леџа и одлазиш”, со која ги разнежни судиите и публиката пред малите екрани.

“Бидејќи сме ист хороскопски знак, Лав, се чувствува целата таа енергија. Одлично Билјана, ти посакувам многу успех”, рече Јордан.

“Еве како се поддржуваат Македонците. Ја сакам оваа песна и ти ја пренесе на некој поблаг начин. Енергијата која ја пренесе го наполни целото студио, браво”, додаде Елвира.

“Остана доследна на себе си потполно, секоја твоја изведба беше различна. Променуваше жанрови, а тука на вистински начин ја искористи сцената. Бидејќи не си професионален пејач, драго ми е што истражуваш, променуваш стилови и ова беше изненадување”, заклучи Маре.

Настапот на Билјана можете да го проследите од 28. минута во видеото во продолжение:

Во третиот круг Билјана одново е во бараж, каде има конкуренција од други двајца кандидати. Гласајте за таа да помине понатаму на следниот ЛИНК: https://nnk.app.do/polls/nikad-nije-kasno-glasanje-07-04-2024-glasanje-traje-48h/forms/165961902/thankyou




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.