Популарниот српски поп-фолк изведувач, Ацо Пејовиќ, на 19.08.2021, доаѓа во Битола и ќе одржи концерт во елитниот комплекс Голд Фелициа.
Оние кои сакаат да присустуваат на настанот треба да го регистрираат своето присуство на телефонскиот број 075 316 974, или преку официјалните профили на ФБ и Инстаграм на Голд Фелициа.
Ацо Пејовиќ е роден на 18 април 1972 во Пријепоље, Србија. Активен е на сцената од 2000та година. Завршил средно музичко училиште во Подгорица, објавил над 8 албумни изданија, одржал бројни концерти и соработувал со звучни имиња од српската естрада.
Голд Фелициа, од започнувањето со работа на 17 јули оваа година, во краток период успеа да донесе ѕвезди од Екс-Ју просторите кои ја надополнаа концертната понуда во Битола. Дел од уметниците кои настапувале во Голд Фелициа се Лепа Брена, Рибља Чорба, ОК Бенд, Саша Ковачевиќ, Саша Maтиќ и многу други македонски изведувачи, музичари и танчери. Понудата е широка и секојдневна, а концертите продолжуваат и понатаму, соопштија од Голд Фелициа.