Пејачот Александар Вукасиновиќ, познат како Аца Лукас, се огласи во врска со фотографијата која кружи на социјалните мрежи, на која лежи на креветот, а покрај него има кесичка со бел прав.
“Фотографијата е направена неодамна, од шега со другарите. Каква дpoгa, тоа е шеќер! Ние се шегувавме, а некој го злоупотреби тоа, не знам од која причина. Зарем мислите дека после се што направив во животот, ќе си дозволам себе си вакво нешто? Ниту додека го правев тоа не беше возможно да исплива ваква фотографија во јавност, а не сега. Нема за што да се правдам”, изјави пејачот за Вечерње новости.