“Ах бре Заев, до тоа дереџе дојде работава да ми праќаш пораки преку Тричковски”

-Ах бре Заев, до тоа дереџе дојде работава да ми праќаш пораки преку неформалниот гласноговорник Тричковски. Покрај тоа што секој ден преку прескапо платените алатки се шират невистини, клевети кон мене, сега дури претскажуваат смрт, пишува Христијан Мицкоски, по објавениот Фејсбук статус на Бранко Тричковски, во кој тој зборува за погpeб на Мицкоски.

„Ама тоа мене не само што не ме плаши, туку ме прави уште помотивиран да истраам со народот во заедничката борба и фактот дека сме на правиот пат на рушење на оваа мафија.
Туку покрај оваа дневна доза мотивација, што правиме со Лидија Димова? Таа тренираше магариња со илјадници евра и сè уште е директор!“, напиша Мицкоски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.