„Не би било добро за државата ако не се почитува принципот победниците на изборите да прават влада“ изјави денеска лидерот на ДУИ, Али Ахмети, кој бара да се почитува непишаното правило владата да ја прават победниците во македонскиот и во албанскиот политички блок .
„Во 2016 имаше специфични околности за државата. Не би било добро да се повтори 2006 година“, изјави Ахмети денеска во Тетово на новогодишниот брифинг со новинарите во седиштето на партијата во Мала Речица.
На последните пралементарни избори пред три години ДУИ не коалицираше со победникот ВМРО-ДПМНЕ, направи влада со СДСМ, со што го прекрши принципот прифатен во 2008-ма.