“АТРАКЦИЈА во Прилеп – од Балон сала се направи заразна бара??” (ФОТО)

Вака се уништуваат спортски објекти во Прилеп. Ова ја покажува сета негрижа и незаинтересираност на локалните власти за одржување и надоградување на спортската инфраструктура во градот.

Од балон салата во ООУ “Гоце Делчев” остана искинатото платно, кое гние на асфалтот во училишниот двор, целото испокинато….

Не остана ништо од спортскиот објект кој одлично се вклопуваше во спортскиот комплекс што беше изграден во ова училиште.

На грозната слика реагираа родителите, но и секој оној кој поминува покрај училиштето.

Учениците имаа додатен простор за спортување и дружење, но поради неажурноста на локалните власти оваа балон сала замина во историјата.

Тоа не е она што го ветуваше актуелниот градоначалник Илија Јованоски во предизборната кампања минатата година.

Се ветуваше одржување на постојаните и изградба на нови спортски објекти.

Фотографиите покажуваат што остана од спортскиот објект што беше од корист на сите:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.