Во рамките на Интернационалниот шампионски куп, во Њујорк се сретнаа лутите ривали од Мадрид, Реал и Атлетико.
Kралскиот клуб овој натпревар иако пријателски ќе го памети како најцрн во целата историја, особено поради тоа што беше мајсторски “нашаран” од најлутиот ривал.
Реал загуби со огромни 3:7, а само на полувреме беше 0:5. За јорганџиите Диего Коста постигна дури 4 погодоци, а по еднаш стрелаа Кореа, Витоло и Жоао Феликс – младиот играч кој пристигна летово за огромна сума го постигна својот првенец.
Головите за Реал ги постигнаа: Начо, Бензема и Санчез.
Ова е втор пораз за Реал во овој куп, а втора победа за Атлетико Мадрид. Кралевите победија на пенали со Арсенал, а загубија од Баерн Минхен. Јорганџиите пак претходно забележаа победа против Гвадалахара на пенали, а на 10-ти август ќе играат уште со Јувентус.
Покрај голеадата во мрежата на Реал, за одбележување е и моментот од 65-тата минута од натпреварот, кога Диего Коста и Карвахал имаа жесток дуел, при што заработија црвени картони.