Изминатите денови во Долна Каштела во близина на Сплит, се одржа 207-то издание на Долнокаштеланскиот карневал.
На карневалот продефилираа маски од цела Хрватска, Словенија и Македонија.
На маскембалот гости беа и членовите на Здружението “Прилепски прочкари”, кои се претставија со маската “Астерикс и Обеликс”.
Маската на прилепчаните брои околу 25 души, а пред бројната публика тие се претставија на оригинален начин и изнудија аплаузи како и секаде каде што се претставуваат.
Здружението “Прилепски прочкари” го претставува Прилеп и нашата држава на голем број маскембали и надвор од границите, а досега имаат освоено и голем број награди и признанија.