Организацијата „Глобална воена сила“ (Global Firepower) ја објави листата на најмоќни воени сили во светот. На прво место се САД со индекс од 0,0718, а потоа следат Русија, Кина, Индија и на петто место е Јапонија.
Според Global Firepower, од балканските држави најмоќна воена сила е Србија, со индекс од 1,0063 и е на 61. место во светот. Хрватска е на 63. место, Словенија на 88., Албанија е 113-та, Босна и Херцеговина е 121., Црна Гора е 123-та и Македонија е на 133-то од 139 места, со индекс 5,0801.
Според globalfirepower моќната НАТО членка, Македонија е рангирана на 133 место од 139 држави според воената моќ#WeAreNATO pic.twitter.com/jJyKgK3EAb
— Шефот (@The_Chief86) February 10, 2021
АРМ е 133-та од 139 армии рангирани на листата на Global Firepower за најмоќни воени сили во светот. Под нас се единствено Еритреа, Суринам, Сиера Леоне, Сомалија, Либерија и Бутан.
Но, не заборавајте дека ја укинаа радиодифузна <3
*целата листа: https://t.co/U3zPQVYTpv
— Боби (@BatmanSaysT) February 10, 2021