По нереална игра, продолженија и изведување пенали, Аргентина по трет пат во историјата стана светски првак откако ја совлада Франција во финалето на Мундијалот!
По 2:2 во „редовниот“ дел од играта, следеше драма во продолжението. Гол на двете страни, 3:3 на истекот на 120 минути игра и одење во пенал рулетот, каде што „гаучосите“ подобро се снајдоа.
Ниту хет-трикот на Килијан Мбапе не им помогна на Французите да избегнат пораз, а милиони фанатици Аргентинци го слават Лионел Меси, двојниот стрелец во финалето кој со титулата светски првак стана можеби најдобриот фудбалер на сите времиња.