Основачот на “Мајкрософт” последниве неколку месеци често предупредува во своите јавни настапи дека смртоносните респираторни вируси се поопасни од нуклеарен напад.
Се поголема е можноста во светот да се случи биотерористички напад кој од лицето на земјата би можел да збрише 30 милиони луѓе, предупреди најбогатиот човек во светот Бил Гејтс, пренесува британски “Телеграф”.
Причината за се поголемата можност од ваков напад лежи во тоа што денес полесно од било кога може да се создадат и прошират смртоносни вируси.
Тој смета дека е поважно да им се помогне на државите во “чистењето” на болестите и спречување на глобалните трагедии.
– Биотероризмот е многу поголем ризик од пандемија – изјавил Гејтс и додал дека напредокот во биологијата довел до тоа терористите да можат полесно да создадат смртоносна болест.
Ф.Г.