Апел: Оставете ги дворовите, базените, улиците…снемуваме вода за пиење од Студенчица

ЈКП Водовод и канализација Прилеп алармира за зголемена нерационална потрошувачка на водата за пиење, што резултира со губење на притисокот во повисоките делови од градот

-Веќе извесен период потрошувачката на вода во град Прилеп е енормно зголемена поради нерационално користење на пивката вода, што предизвикува намалување на притисокот на водоснабдувањето во повисоките реони, а посебно во зградите на горните катови.

Апелираме, замолуваме, пивката вода да не се користи за освежување на дворови, перење на автомобили, наводнување итн. Ваквите случаеви се забележани низ целиот град и поради тоа треба рационално да се користи пивката вода само за личните потреби.

Апелираме на совесно и одговорно користење на основниот ресурс за живот и животните потреби – информираат од ЈКП Водовод Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.