Владата на Заев не испорача ни „р“ од реформи, тоа е тотално неспособна влада, најнеспособна влада која што сме ја имале од осамостојувањето до денес, освен за лични бизниси, народ нема никаков ќар, денеска видовме дека е пуштен Закон за психотропни супстанции каде што се монополизира бизнисот на фамилијата Заеви за марихуана, а дечки по паркови ќе ги апсиме за еден џоинт, вели професорот од „Левица“ Димитар Апасиев на Канал 5 телевизија вечерва.
Тој исто така порача дека нема реформи нема исход, името беше колатерална штета и за тоа не само што некој ќе треба да поднесе не само политичка туку и кривично-правна одговорност затоа што не се почитуваа референдумските резултати.
Во реплика кон својот соговорник аналитичарот Петар Арсовски , Апасиев вели дека тој како еден од најглолемите промотори на северно македонскиот референдум кој беше неуспешен, нека каже во која европска држава не се почитуваат референдумдумски резултати.
-Се ова е од лукративни причини, нема ни „д“ од државотворност, туќу измеќарски менталитет кој што го промовираше Димитров и неговиот давач на шанса Заев, вели Апасиев.
Тој исто така истакна дека Заев да има имаше грам доблест уште по сликата во авионот на твитер ќе си дадеше оставка и ќе кажеше дека распишува предвремени избори.