Димитар Апасиев од Левица повикува на гласање во вториот круг на претседателските избори кои се закажани за 5 мај. Според него, бојктотот на изборите е контраподуктивен.
– После рекордно малата излезност од 41% во првиот круг на претседателските избори, со која граѓаните отворено му удрија шамар на двопартизмот СДСМ-ДПМНЕ, во левичарските и либералните, па дури и во конзервативните кругови, насетувам сè посилна наклонетост кон филозофскиот идеализам, како наклон кон контрареволуционерни настроенија. Затоа, како еден од првите што го започнаа движењето #Бојкотирам за време на референдумот за илегалната промена на името, а по отворените прозивки на луѓе кои навистина ги почитувам, за тоа: „Кој е ставот на Апасиев за овие избори?“ – чувстувам морална должност кон јавноста да ја изразам мојата сегашна јасна и недвосмислена антибојкот-позиција!, вели Апасиев.
Целата статија можете да ја прочитете на РЕПУБЛИКА.МК