Ансамблот “Македонија” го разви Тешкото во Бигорскиот манастир: Полни очи од убавина (ФОТО ГАЛЕРИЈА)

Вчера за време на Манастирската слава на Бигорскиот манастир, Ансамблот “Македонија” настапи со своја програма на пригодната свеченост.

Во рамки на настапот беа презентирани носии од Дебарско- Реканската етнографска целина а за време не егзибицијата беа исполнувани повеќе вокални нумери и наративи.

Со посебен пиетет и воодушевување од присутната публика беше проследена изведбата на орото “Тешкото”, кое што членовите на овој ансамбл го изведуваат со посебен сентимент.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.