Анкетите го отпишаа Ципрас: Нова демократија ќе го освои мнозинството во парламентот

Според анкетите опозиционата Нова демократија би требало да освои 8 проценти повеќе гласови во однос на владеачката Сириза на предвремените парламентарни избори во недела.

Резултатите на анкетите покажуваат дека Нова демократија ќе освои 36 проценти од гласовите, а Сириза 28 проценти, пренесува Катимерини.

Според ова истражување, Движењето за промена (КИНАЛ) ќе добие 7 проценти од гласовите, Комунистичката партија се очекува да освои 5 проценти, десничарската Златна зора ќе освои 4 проценти, додека “Грчкото решение” и MeRA25 ќе бидат на прагот на цензусот со 3 проценти.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.