Поранешниот потпретседател е приморан кампањата да ја води од својот дом во Делавер поради ограничувањата донесени за заштита од пандемиjaта која најсилно ги погоди Соединетите Американски Држави.
Предноста на Џо Бајден над претседателот Доналд Tpaмп во целост се намали во последните неколку недели, во време кога демократскиот претседателски кандидат сеуште се бори да го придобие вниманието на гласачите за време на пандемиjaта. Оваа анкета ја спорведе Ројтерс и беше објавена вчера.
Анкетата, спроведена во понеделникот и вторникот, покажува дека 43% од регистрираните гласачи би го поддржале Бајден на следните избори во ноември, додека 41% би гласале за Доналд Tpaмп. Ова се резултати кои покажуваат дека трката ќе биде целосно неизвесна, а да не заборавиме дека на анкетите пред претходните избори Tpaмп исто така губеше за 2%. Имено, тој имаше и помалку гласови од Хилари Клинтон, но сепак победи на изборите со добра изборна тактика.
На анкетата спроведена минатата недела Бајден водеше за 6%, а на анкетата која беше спроведена од 16 до 21 април, тој водеше за 8%.