Добредојдовте назад во 1990-та година.
Во други околности можеби оваа сметка воопшто немаше да изгледа чудно и необично. Но, во моменти на зголемени сметки за струја, зголемени цени на поголем дел од производите во маркетите и зголемени цени на горивата, граѓаните се обидуваат да вратат барем дел од средствата назад.
Законот за враќање на дел од ДДВ на физичките лица беше донесен токму поради намалувањето на даночната евазија. Со донесувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица, физичките лица требаше да го имаат правото на враќање на дел од платениот данок на додадена вредност, при што истите самите на некој начин да бидат инспектори, односно да бараат да им се издадат фискални сметки.
За остварување на ова право, истите треба да ги пријавуваат податоците од бар-кодот на фискалните сметки кои ги добиваат при купување на добра и услуги, преку апликативен софтвер за оваа намена на органот за јавни приходи.
Бар-кодот на оваа сметка го нема или барем не се познава, па од таму излегува и прашањето: Кој издава вакви сметки и го скратува правото на граѓаните за повраток на ДДВ?