Изминатиов викенд македонското знаме гордо се виореше во соседна Грција.
Младите борци на Џудо клубот “Бушидо” од Прилеп, собраа цел грст на медали од меѓународниот џудо турнир во Аминтео.
На турнирот учевство зедоа 18 земји, а нашите 11 натпреварувачи освоија 7 медали.
Американци, Англичани, Германци, Исланѓани… паднаа под нозете на прилепската фаланга.
Младите момци и девојки од Бушидо направија партал!
Поединечно освоени се следниве резултати:
Мартина Јанкоска – 1 место
Теодора Ристеска – 2 место
М. Георгина – 3 место
Сара Атанасоска – 3 место
Филип Попоски – 3 место
Антонио Талески – 3 место
Стефан Талески – 3 место
Од клубот се горди и на Миле Грижоски кој ја забележа првата победа на меѓународен турнир, како и на Кико Наумоски кој освои 4 место и Благојче Ацески 5 место.