Хаосот на улиците во Марсеј денес се сели во Лил и 25 километри оддалечениот Ленс, па и во Париз. Во Лил играат Русите, во Ленс Англичаните и Велшаните, а во Париз Германците и Полјаците. Русите најавуваат крвав колеж, Англичаните освета, а УЕФА се заканува со исфрлување од шампионатот.
Ескалација на и онака вжештена ситуација меѓу навивачите допрва се очекува.
Руски навивач, кој се претставил како Роман, ги опишува плановите.
-Кога говориме за навивачите, Русите се кралеви на Европа. Англичаните нас не интересираа само поради традицијата. Тие се дебели и пијани. Сега повеќе сме заинтересирани за Хрватите и Полјаците, најаува рускиот навивач.
Критичната точка, барем во следните два дена, е северот на Франција. Сите очи по хаосот во Марсеј се вперени кон Русите и Англичаните. Се стравува дека досегашниот биланс од 35 повредени и 20 уапсени ќе биде надминат. Англиските медиуми веќе наголемо пишуваат дека тврдото јадро на руските навивачи, околу 200, секако ќе дојдат до Ленс, но и дека навивачите од Островото бараат одмазда и на сите начини ќе се обидат да дојдат до овој град.
-Ние околу 200 луѓе во Русија долго трениравме пред ЕУРО. Не сме меки како Англичаните во нивните „Ла коста“ маички, ие сме војници, а не има од Москва, Санкт Петерсбург, подготвени сме како животни, објаснува друг навивач.
Но, и француската полиција не седи со скрстени раце. Пред два дека упаднале во хотел каде биле сместени руски навивачи, а вчера запреле автобус на влезот на Лил и уапсиле 50 навивачи. Се чини хаосот допрва нè очекува.