Ангелов за албанското знаме на Самоиловата тврдина: Фотографиите се фото монтажа

На гостувањето во емисијата “Само вистина” на “Канал 5” Телевизија, гостуваа Стојанче Ангелов и Солза Грчева. Ангелов во текот на емисијата го истакнал својот став околу поставувањето на албанско знаме на Самоиловата тврдина во Охрид.

“Знамето на Самоиловата тврдина е провокација. Можеби мотивите се наивни, можеби се сериозни, но за разлика од порано сега имаме изречена казна и забрана за влез во Македонија. Иначе сликата која беше на социјалните медиуми е монтирана, знамето воопшто не било со такви димензии, но и тоа не го намалува ова дело, кое што е лошо за меѓуетничките тензии”, рече Ангелов.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.