Членот на Пролетер изминатиот викенд учествуваше на Џудо Куп во – Шведска. Овај Скандинавски куп беше одлична можност Ангелов да се сретни со натпреварувачи од Шведска , Финска, Норвешка и Германија.
Ангелов го задржа приматот најдобар џудист од Македонија во кадетска конкуренција при што го освои првото место на турнирот до 60 кг. ЏК Пролетер Прилеп се надева и верува дека ова ќе биде добар почеток на добрата соработка со Шведскиот Џудо Клуб Стафансторп и дека во иднина на вакви големи турнири ќе настапат и други членови од клубот кои со својата напорна работа заслужиле да ги бранат клубските бои.