Гувернерката на Народната банка на Македонија, Анита Ангеловска Бежоска, оцени дека иницијативата Отворен Балкан веќе дава резултати бидејќи трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија годинава се зголемила за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.
-Ефект може да има и напорите за поврзување на пазарот на трудот во услови кога сите три земји се соочуваат со намалување на работоспособното население. Зголемената интеграција може да ги направи економиите поконкурентни и поатрактивни за директни странски инвестиции, заклучи гувернерката на НБСМ во интервју за белградски „Вечерње новости“.
Таа оцени дека НБРСМ има добра соработка со Народната банка на Србија и го наведе примерот со вклучувањето на динарот и денарот во курсевите на две национални банки, што овозможило тргување со тие валути на домашните пазари и ја олеснило економската соработка меѓу двете земји.
Ангеловска Божоска рече дека централните банки на Северна Македонија и Србија постигнале високо ниво на подготвеност да преминат на еврото.
-Двете земји видно работат во континуитет за да обезбедат, кога ќе дојде моментот, побрзо да поминат низ процесот на монетарна интеграција. Првиот услов е полноправно членство во ЕУ. Вториот е исполнување на критериумите од Мастрихт, а двете земји на овој план покажаа добри перформанси, што укажува на висок степен на подготвеност. На крајот на краиштата, извештајот на Европската комисија укажува на ваквите констатации, рече гувернерката на НБРСМ Анита Ангеловска Божоска за „Вечерње новости“