“Аналитичарот Чкатроски “крахира” во прогнозите, но верува во чудо до 21 часот денеска”

Политичкиот аналитичар Даме Чкатроски најавуваше дека до вечерва Македонија ќе добие датум за преговори.

Чкатроски сметаше дека земјата ќе добие нови процедури и побрзи реформи, но дека сепак ќе се добие датум.

“Значи да повторам – Работата е готова. Имаме датум за отпочнување на преговори. (Одлуката) Ќе биде соопштена во петок до 21 часот. Ќе има измени во приемот и ќе се бара по цврсти и по брзи чекори”, напиша Чкатроски кој соработува со неколку меѓународни тинк-тенкови.

Сепак, иако денеска е веќе официјално дека Македонија нема да го добие посакуваниот датум за преговори со Европската Унија, прилепчанецот сеуште верува во чудо и вели дека денот ќе биде долг.

Ова беа деталите синоќа после завршувањето на првиот ден од Самитот на Советот на Европа во Брисел:

Крај на последните надежи за датум? Доцна ноќва не е постигнат договор, Макрон ја напуштил зградата од задната врата

А еве како минатата година во јуни се славеше “добиениот” датум за преговори:




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.